После долго и тешко боледување денеска почина Габриела Конеска Трајковска, поранешен заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања.

По тој повод, Владата во четврток ќе одржи комеморативна седница во 11 часот.

Комеморација ќе се одржи во Капелата на градските гробишта во Бутел, додека погребната церемонија ќе се одржи во 13:00 часот.

Ohridnews
извор: „Макфакс“