Познатиот фудбалски менаџер Мино Раиола почина денеска во 55 година од животот, потврди неговото семејство.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи беше наведено дека Раиола починал по неколкумесечна борба со тешка болест.
Раиола беше менаџер на некој од најдобрите фудбалери во светот како Златан Ибрахимоивиќ, Пол Погба, Џиџи Донарума, Халанд…
Се проценува дека од трансфери тој остварил приход од над 70 милиони евра.
Претходно во четвртокот италијанските медиуми пренесоа дека Раиола починал, но потоа тој лично се огласи на социјалните мрежи дека се уште е жив.
-За жал Мино Раиола ја изгуби битката со тешката болест. – објави денеска неговото семејство.
OhridNews