Револуционерот и и долгогодишен претседател на Куба Фидел Кастро почина на 90 годишна возраст објави кубанската национална телевизија. Здравјето на комунистичкиот лидер кој пет децении им пркосеше на моќните САД, беше нарушено последните години. Од тие причини тој се повлече од политиката во 2006 година, а власта му ја предаде на ннеговиот брат Раул.
Фидел Кастро беше комуинистичка икона на 20 век, а историјата ќе го памети како еден од водечките политичари и лидери на тоа столетие.
На власт во Куба стигна со комунистичката револуција во 1959 година, која ја предводеше заедно со неговиот брат Раул и аргентинската легенда Ернесто ге Гевара. Беше цврст водач верен на својата идеологија, дури и по падот на Берлинскиот ѕид и распаѓањето на социјалнизмот низ светот. Кастро беше немилосрден и кон своите политилки противници. Веднаш по доаѓањеро на власт се пресметал со нив затворајќи голем број луѓе, меѓу кои и негови блиски соработници. Се проценува дека за време на владеењето на Кастро само во САД од Куба емигрирале околу 650000 кубанци.
OhridNews