Причините за смртта, официјално сеуште не се потврдени. Лондонската полиција објави дека била повикана од страна на екипа на брза помош на адреса „Camden Square NW1“ во 16.05 часот, каде било пронајдено тело на 27-годишна жена, која веднаш била прогласена за мртва. На телото немало траги на насилство.
Ејми Вајнхаус по дебаклот на концертот во Белград, неоадмна ја откажа светската турнеја поради проблеми со зависноста од алкохол и дрога.
Ејми Вајнхаус
Ексцентричната пејачка со прекрасен глас е родена на 14 септември1983 година во еврејаско семејство. На 10-годишна возраст ја основа рап групата „Sweet’n’Sour“, по примерот на американското дуо „Salt’n’Pepa“. Од 12-та година посетува училиште за глума од каде била избркана поради недолично однесување. Набрзо потоа почнува да се занимава со пеење, а особено ја сака џез музиката. Ја освои британската публика со својот прв албум „Frank “ објавен во 2003 година, а потоа следеше албумот „Back to Black“ во 2006. Најпознати синглови и се „Rehab“, „Valerie“, „Тears dry on their own“, „Love is a losing game“ и „Back to Black“. Освои 5 Греми награди, но молскавичниот светски успех на Вајнхаус го следеа и бројни скандали и јавни испади.
Напуштајќи го овој свет на 27 години, Ејми Вајнхаус (Amy Winehouse) се придружи на групата извонредно талентирани и влијателни музички имиња кои починаа на 27 годишна возраст: Џими Хендрикс, Брајан Џонс, Џим Морисон, Џенис Џоплин и Курт Кобејн.