После кратко боледување, доцна синоќа, во 60-та година од животот почина Драге Илчески – Челик.
Илчески (Челик) на охридската јавност и беше познат како долгогодишен тренер на Фудбалскиот клуб Илинден од Велмеј, посветен спортски работник, последниве години делегат во Општинскиот фудбалски сојуз-Охрид и сопственик на Гостилницата Боем, кај градскиот пазар.
Со Илчески на клупата, ФК Илинден го оствари најголемиот успех-пласман во Втората лига. Илчески имаше забележителна фудбалска кариера играјќи во охридските клубови кои се натпреваруваа по македонските лиги. Тој беше голем другар, исклучително чесен и семеен човек и зад себе остави само добри дела и спомени.
Погребот ќе биде утре (четврток) во црквата Св. Никола во Велмеј во кругот на потесното семејство.
OhridNews