После долги години боледување на 59- годишна возраст почина македонскиот кантавтор Драган Каранфиловски – Бојс. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка Верица на својот Фејсбук-профил.
Бојс ќе остане запаметен по неговите големи хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други.
Како признание на неговото долгогодишно творештво, во 2014 година, Драган Каранфиловски – Бојс ја доби наградата на манифестацијата „Златна бубамара“ за животно дело.
OhridNews
извор:„Телма“