Почина Доста Димовска, директор на македонскиот културно-информативен центар во Софија, информираат од Министерството за надворешни работи. Димовска на 18-ти март доживеа мозочен удар, по што во тешка здравствена состојба беше пренесена на лекување во болницата Токуда во Софија.
Таа беше позната поетеса и политичар. Родена е на 17-ти февруари 1954 во Скопје, а води потекло од селото Лазарополе. Дипломира филозофија на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Нејзината политичка кариера започнува во текот на 90-тите години на минатиот век. Во текот на 1991 година е избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 година таа е пратеник од редовите на партијата. Во тој период таа е претседател на парламентарната комисија за меѓународни односи. Во текот на 1998 година Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љубчо Георгиевски. Од 27 декември 1999 година до 13 мај 2001 е министер за внатрешни работи. Во 2002 година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини.
На 25 февруари 2002 година е назначена за директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција ја напушта 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007-ма ја извршуваше функцијата директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денес во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите го започнаа протестниот м...
Во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од ЕВН до Противпожарната станица Денеска се вршеше поставување на нов асфалт на коловозот, по што ќе...
По објавувањето на програмата на Фестивалот „Охридско лето 2025“ на нешто помалку од три месеци, директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски фестивалската програма ја презентира и пред делега...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.