Познатиот актер Доналд Сатерленд почина на 88-годишна возраст во Мајами, по долга борба со болеста. Беше еден од најпознатите актери на сите времиња. Во 60-годишната кариера се појави во 190 филмови серии.

Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Никогаш не се уплаши од некоја улога, без разлика дали таа беше добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го работеше и го правеше тоа што го сакаше, не можете да барате повеќе во животот, објави неговиот син Кифер Сатерленд, исто така познат актер.

Доналд Сатерленд. Фото: Festival TV Monte-Carlo / Википедија

Доналд Сатерленд е добитник на два Златни глобуси за најдобра споредна машка улога – во филмовите „Граѓанинот Икс“ и „Патот до војната“. Во 2017 година се закити со почесен Оскар. Успешно пливаше во сите жанрови и се истакна во сите улоги.

Роден во Канада во 1935 година, каде студирал драма на Универзитетот во Торонто, но во 1957 година се преселил во Лондон каде што се приклучил на класата по глума на Лондонската академија за музика и драмска уметност. Кариерата ја започна играјќи мали улоги во британските телевизиски серии, полека придвижувајќи се кон се повеќе познати и сериозни филмови. Вратата на славата му ја отвори воениот акционен филм „Дванаесетмината жигосани“, а забележителни улоги имаше во M*A*S*H и „Gold for the Brave“, во поново време глумеше во американската телевизиска серија „Валкани секси пари“, како и во франшизата „Игри на гладта“.

Од средината на 80-тите започна неговиот подем во кариерата кој траеше практично до неговите последни денови, покривајќи широк спектар на жанрови и улоги, снимал сè – од психолошки ужаси до трилери и научна фантастика до сериозни драми и дистописки филмови.

Сатерленд се женеше три пати, а сите три негови сопруги биле актерки. Од 1959 до 1966 година бил во брак со Луиз Хардик, од 1966 до 1970 година со Ширли Даглас и од 1972 година со Френсин Рејсет. Имаше пет деца, Кифер, Росиф, Рејчел, Ангус и Рог.

OhridNews