Ралф Меквари концептуалниот дизајнер кој ги создаде ликовите за филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, како што се на Дарт Ведер, R2-D2 и C-3PO, почина во 82 година од животот, пренесува „Макфакс“.

Режисерот Џорџ Лукас заблагодарувајќи му се на Ралф Меквари што неговата визија за „Војна на ѕвездите“ ја пренел на големиот екран, го нарече визионер и скромен човек.

„Ралф Меквари беше првата личност којашто ја ангажирав да ми помогне во  „Војна на ѕвездите“, беше гениј  чиј придонес ја инспирираше актерската и техничката екипа на изворната трилогија“, рече Лукас.

„Кога со зборови не можев да ги пренесам своите идеи, само покажував на неговите илустрации и велев „сторете го тоа вака’“, изјави Лукас.


Меквари работеше и на концептуалниот дизајн на оригиналната телевизиска серија „Галактика“, и филмовите „И-ТИ“ и „Блиски средби од трет вид“. За работата на филмот „Чаура“, во 1985 година го доби Оскарот за визуелни ефекти.

OhridNews
извор: „Мaкфакс“