Диско кралицата Дона Самер почина утрово на Флорида, по тешко боледување во 63-та година од животот. Како што пренесува порталот „TMZ“, кралицата на диско музиката ја загубила битката со ракот.

Позната пејачка подолго време се борела со тешката болест, но не сакала медиумите да дознаат за сериозноста на нејзината болест. Самер и покрај болеста не престанала да работи на својот последен албум, но на крајот сепак не успеала да го заврши.

Дона Самер е родена на 31. декември 1948 година, со светска слава се стекна за време на диско ерата во 70-те години од минатиот век, од тоа време се нејзините незаборавни хитови „Last Dance“, „Hot Stuff“’ и „Bad Girls“, со кои се стекна со статусот кралица на диското. Самер е добитничка на пет Греми награди.

Заедно со продуцентот Џорџо Мородеро, таа во 70-те години ја дефинираше музичката – диско ера, а Дејвид Боуви и Дјуран Дјуран се само некои од музучарите врз кои таа имаше големо влијание.


Дона Самер од 1980 година беше во брак со пејачот Брус Судан, со кого има две ќерки, 31-годишната Бруклин и 30-годишната Аманда.

OhridNews
извор: „Макфакс“