Легендарниот музички продуцент Џорџ Мартин, кој ги обликуваше Битлси и ги претвори во најпопуларниот и најважниот бенд на светот, почина во 90-сеттата година од животот, објави Ринго Стар, пренесува „Макфакс“.

„Бог да го благослови Џорџ Мартин“, објави поранешниот тапанар на Битлси на својот Твитер профил, проследено со фотографија на славната ливерпулска четворка и нивниот продуцент.

„Ти благодарам за сета љубов и добрина, Џорџ“, допиша Стар.

Мартин често беше нарекуван и „петти Битлс“ бидејќи беше продуцент, соработник и ментор на Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

OhridNews
извор:„Макфакс“