Познатиот холивудски глумец и комичар Џин Вајлдер почина вчера во 83-та година од животот во својот дом во Конектикат, САД. Веста ја потврди неговиот внук, кој додал дека Вајлдер починал од компликации од Алцхајмеровата болест
Кариерата Вајлдер ја почнал во театар, додека првата позабележителна улога на филмското платно ја има во незаборавната комедија „Продуценти“ за која е номиниран за Оскар. Глумеше во „Диви седла“ и „Младиот Франкештајн заедно со незаборавниот Ричард Приор. Тие двајца станаа најпознатиот комичарски пар во 70-те и 80-те години од минатиот век. Светска слава му донесоа улогите во филмовите „Вили Вонка и фабриката за чоколада“ и култниот „Ништо не гледам, ништо не слушам“.
Од 1984 до 1989 година беше во брак со актерката Гилда Раднер која почина од рак. И самиот оболува од оваа тешка болест кон крајот на 90-те години, по што полека почнува да се повлекува од големото платно. Од време на време се појавува со куси улоги во популарни серии но повеќе се занимава со уметност и пишување отколку со глума.
Во интервју во 2013 година ќе рече дека годишно му носат да погледне по педесеттина филмови, од кои едвај 2-3 вредат и дека повторно би глумел доколку добие вистинско сценарио, но за жал никој не му го донел.
OhridNews