Американскиот глумец Џери Луис почина во својата 91 година во својот дом во Лас Вегас.Вистинското име му беше Џозеф Левич, беше роден во Њу Џерси во еврејска фамилија со руско потекло.Тој беше актер, продуцент и режисер.
Неговото лице беше познато во целиот свет преку неговите комични гримаси и имитации. Зад него остави над 60 филмови. Славата дојде по неговата средба со Дин Мартин во 1946 година и нивното заедничко учество во шоуто на Ед Саливан во 1948 година. Нивниот прв филм “Мојата пријателка Ирма” постигна неверојатен успех кај публиката. Десет години подоцна секој од нив почна соло кариера.
Луис ги играше главните улоги во филмовите на Френк Ташлин како “Геиша бој” или “Пепелашка со големи нозе”. Подоцна стана и професор на универзитетот во Калифорнија.