Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија.

Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување.

Во нападот во училиштето загинаа осум ученици и чуварот.

OhridNews