Почина 18-годишната Оксана Макар, којашто беше силувана и ја запалија синови на моќници во Украина, соопштија претставнци на украинските здравствени власти, пренесува „Макфакс“.
18-годишната Оксана ја загуби битката за живот
Според обвинителите, на 9-ти март во градот Миколајв синови на поранешни владини функционери, заедно со уште еден другар, ја силувале, ја фрлиле во дол и ја запалиле осумнаесетгодишната Оксана.
Меѓутоа девојката преживеа и две седмици се бореше за животот.
Официјалните лица од градот Доњецк, на истокот од Украина, каде што девојката била лечена, изјавија дека таа им подлегнала на раните и изгорениците и повредите на белите дробови, јавува AP.
Ова злосторство ја шокираше Украина и истовремено ширум земјата почнаа протести против корупцијата, откако полицијата ги пушти на слобода двајцата осомничени кои имале силни врски во регионот.
На крајот, сите тројца осомничени се уапсени и обвинети за силување, а еден од нив и за обид за убиство.
извор: „Макфакс“