На почетокот од Новата 2020 година не доаѓаат позитивни вести од НБА лигата. Најсилното кошаркарско друштво го загуби човекот кој беше еден од луѓето со јасна визија, каде и во кој правец да се движи НБА лигата. Во 78-та година од животот почина Дејвид Штерн.

Претседателот кој три децении беше на чело од НБА лигата почина од последиците на мозочниот удар кој го доживеа на средината од декември месец.

Од неколкуте клучни потези за подигнување на НБА лигата на Штерн се проширувањето на лигата од 23 на 30 екипи што го зголеми фондот на екипите и играчите и работата на полето за маркетинг. Вистинска експанзија НБА лигата доживеа во 90-те кога играа Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Карл Мелоун… и на почетокот од новиот милениум кога на паркетот истрчаа млади момци како Коби Брајнт, Винс Картер, Ален Ајверсон и други кошаркари. НБА забележа драстичен скок на сите бизнис полиња и заслужено го носи епитетот на една од најдобрите и најорганизираните лиги во светот. Речиси сите новитети во спортот се внесуваат прво во НБА лигата, па потоа во останатите спортови.

Мандатот на Штерн заврши во 2014 година, а неговото место го зазеде Адем Силвер кој долги години беше  негов заменик.

OhridNews