Легендарниот британски актер Сер Џон Харт, почина на возраст од 77 години, по долготрајна борба со рак на панкреасот, објави неговиот агент, пренесува „Макфакс“.
Во текот на кариерата долга шест децении, Харт два пати беше номиниран за оскар, за улогите во филмовите „Човек слон“ и „Полноќен експрес“.
На младата публика најпознат и е по улогата на Мр Оливандер во серијата филмови за малиот волшебник Хари Потер.
Ја доби награда Златен Глобус, четири награди БАФТА, како и онаа за животно дело.
За неговата заслуга во културата британската кралица Елизабета го прогласи за витез во 2015 година.
OhridNews
извор: „Макфакс“