Двократниот светски шампион во бокс во тешка категорија и олимписки шампион Џорџ Форман почина во петокот на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Познат беше по неговиот страшен удар во рингот и скромноста надвор од него. Форман починал мирно, опкружен со членови на семејството.
Роден и израснат во сиромашниот дел на Хјустон, Џорџ Форман се издигна од скромните почетоци и стана едно од најпочитуваните имиња во спортската историја.
Тој го привлече вниманието на себе со освојувањето на златниот медал на Олимпијадата во Мексико Сити во 1968 година. Стана професионалец една година подоцна и доминираше во спортот во следните пет. Ги доби своите први 40 натпревари. Форман ја освои титулата светски шампион во тешка категорија во 1973 година со славната победа над Џо Фрејзиер, кого го нокаутираше во втората рунда.
Потоа успешно ја одбрани титулата во два меча, но во третиот беше поразен од Мохамед во боксерската класика „Rumble in the Jungle“ во Киншаса во 1974 година, Форман беше голем фаворит, но Али, користејќи ја неговата позната тактика иако беше инфериорен до тогаш, го нокаутираше противникот во осмата рунда.
Форман потоа се сврте кон религијата, се пензионираше, стана свештеник и отвори младински центар во Хјустон. Тој се врати на боксот една деценија подоцна и во едно од најпознатите враќање на спортската сцена, на 45-годишна возраст, стана најстариот светски шампион во историјата со победата над Мајкл Мурер во 1994 година.
Во кариерата имаше 81 професионална борба и победи на 76, од кои 68 беа со нокаут.
По боксот, тој создаде деловна империја. Неговите електрични скари „George Foreman Grill“, се продадени во повеќе од 100 милиони единици.
Тој ја збогати својата деловна империја пишувајќи неколку книги, снимајќи реклами и држејќи мотивациони говори, а беше познат и како голем хуманитарец.
Во 2023 година, неговиот извонреден живот беше прикажан во биографскиот филм „Големиот Џорџ Форман“.
OhridNews