Во Романија, на 67-годишна возраст почина Богдан Маковеј, кој во македонскиот ракомет работеше како селектор на женската репрезентација и тренер во машкиот ракометен клуб, Пелистер.

Со Маковеј на клупата, ракометарките на Македонија го остварија најголемиот успех, завршувајќи на седмата позиција на Мундијалот во 1997 година во Греманија. Во истиот период, Маковеј беше тренер и на Кометал Ѓорче Петров и успеа да стигне до топ 8 во Лигата на Шампиони.

Неизбришлив траг остави и во Пелистер. Романскиот стручњак со битолските „зелено бели“ играше во финалето од ЕХФ челинџ купот.

OhridNews