Легендата на блуз музиката Би Би Кинг починал во Лас Вегас на 89-годишна возраст, објави неговиот адвокат. Брент Брајсон за агенцијата АП, изјавил дека легендарниот музичар починал во сон, вчеравечер околу 22 часот, во својот дом во Лас Вегас. Инаку Би Би Кинг неодамна бил хоспитализиран поради проблеми со дијабетесот.

Некогашниот фармер имал големо влијание врз генерации на музичари со својот магичен глас и со својот карактеристичен стил со кој ја свиреше гитарата. Би Би Кинг свиреше на гитара „Гибсон“, која самиот ја нарекувал Луси. Покрај тоа што ја свиреше сопствената музика, тој им беше ментор на многу музички ѕвезди, меѓу и на Ерик Клептон. Магазинот „ Rolling Stone“ го вметна на третото место на листата на најголемите 100 гитаристи на сите времиња, веднаш зад Џими Хендрикс и Двејн Олман.

Кинг го доби своето место и во Куќата на славните во 1987 година, а во 2014 година влезе и во Куќата на славните на Р&Б музиката.  Во кариерата има добиено 15 Греми награди, последната во 2009 година во категоријата традиционален блуз албум за албумот „ One Kind Favor“.

OhridNews