Порaнешниот индонезиски претседател Сухарто кој со цврста рака владееше со земјата 32 години почина денеска во 87-та година од животот.

Сухарто во јуни наполни 86 години, а во болницата во Џакарта во критична состојба се наоѓал од 4-ти јануари. Неговите лекари изјавиле дека дошло до прекин на работата на повеќе органи и дека Сухарто паднал во кома, по што починал.

Сухарто кого критичарите го обвинуваат дека натрупал богатство од повеќе милијарди долари во текот на своето владеење во најбројната муслиманска држава со 235 милиони жители, имал сериозни здравствени проблеми откако бил соборен од власт во масовните немири во 1998 година со силно кршење на човековите права, посебно во покраините Папуа и Ачех, како и на Источен Тимор кој Индонезија го окупираше во 1975 година. Се проценува дека неговите сили убиле околу 300 000 луѓе во овие подрачја. 

oihridnews