Во 88 година од животот почина Бил Расел, најтрофејниот играч во НБА лигата, јавуваат американските медиуми. Според пишувањата Расел починал мирно од природна смрт.
Бил Расел е роден во Монро, Луизијана, а целата кошаркарска кариера ја мина во Бостон Селтикс.
Со 11 освопени титули во 13 сезони Расел е најтрофејниот играч во историјата на лигата. Пет пати е прогласуван за МВП, а 12 пати бил ол-стар играч. Постиглал 14.522 кошеви и имал 4100 асистенции и 21.620 скокови. Во кариерата два пати бил и колеџ првак.
OhridNews