Најпознатиот и безгрешниот прогнозер на натпреварите од последното Светско првенство во фудбал, октоподот Пол, почина утринава во аквариумот во германскиот град Оберхаузен.

Пол, прогнозерски беше специјализиран за натпреварите на кои играше фудбалската репрезентација на Германија. Октоподот ги погоди сите натпревари на „панцирите“ во Јужна Африка, вклучувајќи ги тука и поразите од Србија во фазата по групи и Шпанија во полуфиналето.

Без грешка октоподот Пол погоди дека нов светски првак ќе биде репрезентацијата на Шпанија.

OhridNews
извор: „Макфакс“