Поранешниот фудбалски арбитар Беким Баута кој долги години ја делеше правдата во македонскиот фудбал почина после кратко боледување.

58-годишниот стружанец беше со знакот на ФИФА и долгогодишен член на Управниот одбор во Фудбалската федерација на Македонија. Тој со својот став, квалитет и начинот на судење остави неизбришлив белег во македонскиот фудбал.

Погребот на легендата во мак-фудбалот ќе се одржи денеска во 15 часот на градските гробишта во Струга.

OhridNews