Американскиот кој минатата недела во состојба на кома беше пуштен од Северна Кореја, Ото Вармбир (22), починал во понеделникот, соопшти неговото семејство.
Вармбир во Северна Кореја бил осуден на 15 години затворска казна бидејќи украл пропаганден постер, потсетува агенцијата АП.
Тој во оваа држава мина нешто повеќе од 17 месеци, пред да иде пуштен дома од здравствени причини. Докторите, кога се вратил во САД, рекле дека тој има тешки повреди на мозокот, неможејќи да ги дијагностицираат причините.
Фред Вармбир на новинарите им рекол дека Ото паднал во кома набргу откако бил осуден и дека неговиот син во Северна Кореја бил „измачуван и тероризиран“