Мичу Месарош, актерот што ја толкуваше улогата на вонземјанецот Алф во популарната тв серија од 80-тите почина во 76-та година од животот.

Месарош минатиот четврток имал мозочен удар и паднал во кома. Последните денови од животот ги поминал во болница.

Актерот висок само 84 сантиметри го носел костимот на вонземјанецот Алф, но во серијата, гласот на познатиот лик му го позајмуваше актерот Пол Фуско. Серијата имаше четири сезони.

Месарош е роден во Унгарија и му се придружил на циркус каде изведувал скечеви за американските претседатели Џими Картер и Роланд Реган и станал пријател со Мајкл Џексон.

OhridNews