На 77-годишна возраст денеска почина македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски.

Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава, напиша Драган Спасов-Дац на Фејсбук.

Мето Јовановски е роден во 1946 во село Панчарево, пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Неговата актерка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

„Тетовирање“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“, се дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога.

Јовановски за своите театарски, филмски и телевизиски улоги ги има добиено државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Тој е добитник и на наградите „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, како и награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022.

OhridNews