Актерот почина по компликацијата што настанала со воспаленето на белите дробови, во болницата на Флорида, во близина на својот дом, опкружен со пријателите, сопругата Барбара и со својот агент.
Нилсен е роден во Канада на 11 февруари 1926 година, а се прослави со улогите во бројните филмови меѓу кои „Airplane”, „Naked gun”,„ All I Want for Christmas”, „Dracula: Dead and Loving It”, „Spy Hard”, „Mr. Magoo“ и многу други.
Во својата кариера има глумено во повеќе од сто филмови, учествуваше во околу 1.500 телевизиски програми, а имаше и четири брака од кои доби две ќерки.
извор:„Макфакс“