Кени Бејкер, британскиот актер кој се прослави со улогата на малиот робот R2-D2 во филмот „Ѕвездени војни“, почина во саботата во 82-та година, објави неговото семејство, пренесува “Макфакс”.
Кени Бејкер, кој одвај беше висок еден метар, подолго време пател од проблеми со белите дробови, рекла за весникот The Guardian, неговата внука Ејбигел Шилд и додала дека „последните години беше многу болен и очекувавме таков крај“.
„Многу сме горди на она што го оствари во текот на својот живот, (..) за целата среќа што ја донесе на светот“, додала Шилд.
Кени Бејкер ја одигра улогата на малиот робот во „Ѕвездените војни. Епизода IV:Нова надеж“ на Џорџ Лукас во 1977 година, и во следните пет продолженија од научно-фантастичната сага.
Неговото име беше наведено минатата година во седмиот филм со наслов „Силата се буди“, а и самиот во декември присуствуваше на европската премиера во Лондон, откако поради болеста ја откажа поканата да присуствува на светската премиера во Лос Анџелес.
Бејкер со своите 112 сантиметри актерската кариера ја започна со епизодни улоги во 1960те години, а исто така, играше во култното филмови од 1980-те години, како што се „Флаш Гордан“ и „Временски бандите“ на Тери Гилијам.
OhridNews
извор: “Макфакс”