Познатиот српски актер Иван Бекјарев (74) почина на Инфективната клиника во Белград како последица од Ковид 19, јавува српски „Блиц“.
Бекјарев минатиот месец се заразил од коронавирус. Дека е позитивен на Ковид 19 дознал за време на снимањето на неговиот најнов филм, по што веднаш го напуштил сетот. Пред десеттина дена состојбата сериозно му се влошила.
Бекјарев актерската кариера ја започнал далечната 1967 година. Одиграл улоги во над 150 театарски претстави и 50 филмови. Глумеше во популарните серии „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишаните“, Горки плодови“ и други.
OhridNews