Во Флорида, САД, синоќа на 77 години почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист.
Димче Мешковски оствари улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“).
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.
Сочувство за смртта на Мешковски изрази Драмски тетар кој беше негова матична сцена. Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12 часот.
OhridNews