Американскиот актер Џон Форсајт кој се прослави со улогата на Блејк Карингтон во серијата „Династија“, почина синоќа во 92та година од животот, соопшти неговото семејство.

Во соопштението се наведува дека Форсајт починал во Калифорнија како последица едногодишната борба против ракот.

Форсајт кој доживеа да добие и правнуци, кариерата ја започна пред повеќе од 5 децении, а првата улога ја одигра на Бродвеј во Њујорк, пренесоа странските медиуми.

Најголемата слава ја стекна со улогата во сапунската серија „Династија“ која се прикажуваше на Еј-Би-Си телевизијата од 1981 до 1989 година.

За улогата како Блејк Карингтон, Форсајт доби два златни глобуси за најдобар актер.

OhridNews
извор:„Макфакс“