Утринава во Клиничкиот центар во Белград почина големиот српски и југословенски актер Бора Тодоровиќ (1929-2014).
Како што пренесоа белградските медиуми, актерот неодамна бил опериран од слепо црево, но потоа доживеал мозочен удар и паднал во кома од која не се разбудил два дена.
Бора Тодоровиќ е роден во Белград на 5 ноември 1929 година. Оствари голем број театарски, телевизиски и филмски улоги, меѓу кои: “Балкан експрес”, “Балкански шпион”, “Дом за бесење”, “Професионалец”, “Кој тоа таму пее” и многу други.
OhridNews
извор Утрински весник