По долго боледување  на 69-годишна возраст почина познатиот актер од Прилеп, Благоја Спиркоски – Џумерко,.

Благоја Спиркоски – Џумерко е најпознат по улогата на Итар Пејо во телевизиската драма „Солунски патрдии“.

Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сé до неговото пензионирање.  

Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година.

OhridNews

Извор : „Макфакс“