Холандската актерка Силвија Кристел, ѕвездата на францускиот еротски филм од 1974 година „Емануела“, почина на 60-годишна возраст.

„Почина во сон“, изјави нејзиниот агент Мариеке Верхарен за Франс Прес.

Актерката боледуваше од рак, а во текот на јули беше примена во болница по преживеан мозочен удар.


Емануела, која раскажуваше приказна за сексуално промискуитетна домаќинка, надмина бројни рекорди на гледаност, а во париското кино на авенијата Champs-Elysees се прикажуваше 11 години.

Објавен во 1974 година, Емануела беше прв филм со еротска тематика прикажуван во меинстрим кината.

Кристел има играно во над 50 филмови.

Извор: Макфакс