Актерката Мери Бошкова, доајен на македонското актерство, почина во Скопје на 89 годишна возраст. Taa ќе биде погребана утре на Светскиот ден на театарот.

Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играше насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина” (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето” (1961) во режија на Димитрие Османли.

Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата актерска кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон”- од Ј. Плевнеш), како и голем број на високи сојузни и републички признанија – награда на Владата на ФНРЈ , Владата на НРМ, наградите „11 октомври” и „13 Ноември”, наградата за животно дело и др.

Со своите први настапи во родната Битола, го свртува вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославува и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа Министерка” од Нушиќ, Дездемона од Шекспир, Бароница Кастели („Господа Глембаеви”- од Крлежа, „Нора” од Ибзен.

Скоро една деценија живее и твори во Драмата на Народно позориште во Белград, каде се прославува со : „Коштана” од Б. Станковиќ, „Тетовирана ружа ” – од Т. Вилијамс и др.

По враќањето во Скопје носител е на главните рољи на македонската сцена се до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка министерка, со која креација се вбројува меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена.

Нејзина последна филмска актерска креација е на филмскиот екран во филмот на Д. Османли „Агели на отпад.

OhridNews
извор:„Макфакс“