Британи Марфи ја оживувале во возилото на брзата помош на патот до болницата, но сепак ја прогласиле за мртва во болницата Cedars-Sinai Medical Center во Лос Анџелес. Американските медиуми пренесуваат дека претрпела тежок срцев удар. Наводно под туш во несвест ја пронашла нејзината мајка.


Медиумите откриваат дека брзата помош примила повик во осум часот утрото од адресата на која е пријавен нејзиниот сопруг Симон Моњак. Сеуште не е познато кој ги повикал. Се венчале во 2007 година. Актерката своевремено била во врска со актерот Ештон Качер. Се прослави во повеќе тинејџерски филмови и серии, а својот зенит го достигна играјќи во познатиот филм “Sin City” од 2005 година.