Почина академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија во време на експертската Влада.

Академикот починал ненадејно, синоќа на осумдесетгодишна возраст.

Никола Кљусев е роден во Штип во 1927 година. Дипломирал економија во Белград во 1953 година.

Својата кариера ја започнал како асистент во Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија.

Од 1960 до 1967 година бил научен и и виш научен соработник во економскиот институт на Македонија.

Академикот беше првиот премиер на првата експертска Влада на Македонија во периодот од 1991 до 1992 година и одигра значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава.

OHRIDNEWS