Почина академик Милан Ѓурчинов , македонски есеист, критичар, книжевен историчар, антологичар.

Роден е во Белград 1928, но како што самиот велеше интимно е врзан за ова македонско поднебје и посебно за Охрид. По татко потекнува од селото Јабланица, а мајка му е од познато охридско семејство, негов брат е режисерот Александар Ѓурчинов.

Ѓурчинов беше професор на Филолошкиот факултет во Скопје, шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративан книжевност, член на редакцијата на списанието „Разгледи“.

Тој беше и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член на МАНУ, на ДПМ и претседател на писателската асоцијација и на Македонскиот ПЕН центар.

OhridNews