Нови 565 случаи со Ковид-19 се регистрирани од направени 1.325 тестирања во последните 24 часа, како последица на инфекцијата починале 21 лице, а 154 оздравеле, соопшти вечерва Министерството за здравство. Во Охрид дијагностицирани се 3 нови случаи и 11 оздравени, а еден пациент на возраст од 51 година ја загуби битката со опасниот вирус.

Од новорегистрираните, најголем број се во Скопје-230, по што следи Прилеп со 65, Тетово со 39, Куманово со 35, Гостивар и Велес по 27. Во Струмица има 17 нови случаи, Битола и Кочани по 15, во Штип и Гевгелија по 13, Кавадарци-10, Неготино-9, Радовиш-7, Крива Паланка и Кратово по 6, Берово-5, Валандово, Виница и Пробиштип по три, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево и Крушево по 3, Ресен и Струга по еден.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-58, Штип-7, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-8, Велес-7, Битола-11, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-6, Струмица-9, Кочани-5, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-2, Неготино-3.

Од починатите, 6 пациенти се од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 736, а бројот на активни случаи 258.

OhridNews