Утрово во 06 часот и 30 минути, во ОВР Струга, пријавено е дека, во Општата болница во Струга, 49-годишен жител од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14 годишна ќерка. Истата, починала, соопшти СВР Охрид.

По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта на младото девојче, информира СВР Охрид.

Неофицијално дознаваме, дека девојчето, инаку близначка, претходно немало здравствени проблеми.

OhridNews