11-годишниот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, починал синоќа во мал дом во селото Корешница, демиркаписко, каде беше згрижен откако кусо време беше лекуван на Клиниката за детски болести.
Случајот го потврди Јавното обвинителство, кое покрена истрага за случајот.
Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со Министерството за внатрешни работи, изврш увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишното дете, инаку штитеник на Специјаниот завод Демир Капија. – информира Јавното обвинителство.
Починатото момче беше неподвижно и беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.
Г.М.