Легендарниот италијански фудбалер Џанлука Вијали почина на 59-годишна возраст по долго боледување како последица на рак на панкреасот, потврди денеска неговото семејство.
Со неизмерна тага објавуваме дека Џанлука Вијали почина. Опкружен со семејството почина синоќа по петгодишна борба со болеста, соочен со храброст и достоинство. Им благодариме на многумина кои со години го поддржуваа со својата љубов. Неговиот спомен и пример вечно ќе живеат во нашите срца, соопшти семејството на Вијали.
Здравствената состојба на легендарниот италијански фудбалер се влоши во октомври и беше хоспитализиран во Лондон.
Својата импозантна кариера како фудбалер ја почна во Кремонезе, по што со голем успех настапуваше за Сампдорија, Јувентус и Челзи. Кариерата ја заврши во лондонскиот премиерлигаш, каде беше и шеф на стручниот штаб, а во кратката тренерска кариера го предводеше и Ватфорд.
За италијанската репрезентација одигра 59 натпревари и постигна 16 голови.
OhridNews
Фото: Миа