Македонските фудбалски репрезентативци со убедлив триумф (4-1) над Црна Гора му приредија фантастично добре дојде на новиот селектор Игор Ангеловски на клупата од А селекцијата.
„Црвено жолтите“ по подолго време брилираа на „Филип Втори“ и во секој сегмент го надиграа ривалот во контролниот натпревар.
Трите од четири погодоци Македонија ги постигна од 35-та до 40-та минута. Два пати прецизен беше Александар Трајковски, а еднаш мрежата ја погоди капитенот Ванче Шиков.
После еден час игра Трајковски го комплетираше хет трикот, а почесниот гол за гостите го постигна Стеван Јоветиќ во 89-та минута.
Иако мечот со Црна Гора е само пријателски, сепак добро е да се видат насмеаните лица од репрезентативците кои имаа квалификации за заборав.
Ohridnews