Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледуваше евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година.
Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, информираат од Министерството за здравство.
Онлајн настава во второто полугодие од учебната 2021/22 побараа вчера од движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови.
Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутирале за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за намалување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.
OhridNews