Без Горан Пандев можеби и Николче Новески, а со новиот селектор Бошко Ѓуровски е означен почеток на нова ера во фудбалската А репрезентација.

Таа почна со првиот тренинг, кој го водеше новиот селектор Ѓуровски, а официјализирана ќе биде со контролниот дуел со Летонија на „Филип Втори“ в среда на 5 март.

А репрезентацијата доживеа резултатски дебакл на мундијалските квалификации завршувајќи на последниото место во групата и разочарувајќи ги верните фанови.

Пред новиот фудбалски стратег престои макотрпна работа бидејќи само така може да ја врати вербата на навивачите кои ја избегнуваа фудбалската селекција од спортското мени.

Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.