Фудбалерите на Колчестер приредија сензација во Карабао купот елиминирајќи го Тотенхем со 4-3 после изведувањето на пеналите, откако регуларниот дел мечот заврши 0-0. „Петлите“ не се на нивото од минатата сезона а предводникот Маурицио Почетино побара време да се средат работите.
- Дефинитивно ни треба време да ја изградиме цврстината која е неопходна да бидеме на ниво во секое натпреварување. Кога имаш тим кој не е задоволен и несреден секогаш е тешко и губиш време да ја консолидираш екипата. Тука сме ние моментално. Можеби нашите игри се добри, но нам ни треба уште нешто дополнително во главите, бидејќи играчки не гледам проблеми. Ни треба енергијата да биде позитивна, сите да сме заедно а не да имаме различни ставови во екипата. Мораме да продолжиме да работите и да најдеме решение. – изјави Почетино.
Во пенал серијата удари од белата точка промашија Лукас Мура и Кристијан Ериксен.
OhridNews