Францускиот дрим тим Пари Сент Жермен освои само бод на гостувањето кај Сент Етјен, ремизирајќи 1-1, на официјалното деби кое го имаше Маурицио Почетино. Аргентинскиот стручњак не беше задоволен од резултатот кој го остварија неговите избраници, во 18-та рунда од Првата француска лига.

Не можам да бидам задоволен со бодот. Поточно, разочаран сум. Пари Сен Жермен мора да победува на вакви натпревари. Ова не е резултатот што го посакувавме од овој меч. Од друга страна, јасно е дека имавме многу малку време за да се подготвиме заедно и ќе мора напорно да работиме за да смениме многу работи. ПСЖ треба да биде многу поубедлив во иднина. – рече Почетино.

„Светците“ со 36 бодови се второпласирани на табелата во францускиот шампионат, лидер во елитата е Лион со три поени повеќе во однос на ПСЖ.

OhridNews