Аргентинскиот стручњак Маурицио Почетино официјално го презеде кормилото во францускиот дрим тим Пари Сент Жермен, откако клубот го претстави на својата официјална интернет страница.

Почетино кој на клупата доаѓа како замена за Германецот Томас Тухел со клубот од Париз потпиша договор до јуни 2020 година. За поранешниот тренер на Тотенхем, Саутемптон и Еспањол ова е кам бек на „Паркот на Принцовите“, бидејќи две сезони (2001-2003) како играч беше дел од клубот.

Многу сум среќен и почестен сум што станав нов тренер на ПСЖ. И се заблагодарувам на управата која ми даде прилика. Како што знаете овој клубот има посебно место во моето срце, бидејќи за него ме врзуваат убави спомени. Се враќам со голема амбиција, подготвен да работам со вонсериски фудбалери. Екипата има голем потенцијалн и ќе направам се што можам да ги исполниме резултатите. – изјави Почетино.

Целта пред Почетино е јасна односно ПСЖ мора да освои трофеј во Лигата на Шампиони. Во спротивно ќе заврши како Тухел, Карло Анчелоти, Унаи Емери и Лоран Блан, кои не го одработуваат договорот до крај со клубот од француската престолнина.

OhridNews