Истиот дена кога беше објавено дека Томаш Тухел е отпуштен од позицијата тренер во Пари Сент Жермен, сите го промовираа Маурицио Почетино за нов предводник на „светците“. Но од клубот се уште нема ништо официјалнио, а, тоа остави простор за шпекулации и игра со други имиња.

Најсериозен кандидат на Почетино во трката за клупата во францускиот дрим тим е Масимилијано Алегри кој е без ангажман, но од сенка полека се пробива Тијаго Мота.

Италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло тренерската кариера ја почна токму во ПСЖ, предвојќи го тимот до 17 години. Тој најави револуционерни промени во фудбалот, давајќи му улога на играч на голманот и формација 2-7-2. Сепак, Мота, според реномираниот италијански фудбалски агент Џајнлука ди Марцио е млад тренер и не ќе може да се изнесе со притисокот кој го има во ПСЖ.

Во француската Прва лига моментално има пауза и ПСЖ има доволно но ограничено време да назначи нов тренер кој ќе ја продолжи сезоната.

OhridNews